Димитар Митревски е именуван за нов директор во ракометната репрезентација на Македонија, а на оваа позиција ќе биде само неколку месеци, односно до крајот на европскиот шампионат. Ова беше одлучено на состанокот на Управниот одбор на РФМ.

Сакам да му се заблагодарам на Чакаревски на добрата соработка во изминатиот период. Сепак, сега е време за нови активности. Мој предлог како претседател е да се ангажира директор на репрезентација со договор до крајот на овој европски шампионат. Мој предлог за таа функција е Димитар Митревски, долгогодишен судија кој е добро запознаен со случувањата во нашиот ракомет и во националниот тим“ – изјави претседателот Живко Мукаетов.

Долгогодишниот ракометен судија доаѓа  на местото на Милчо Чакаревски, кој си замина од функцијата минатиот месец.