Повремениот ракометен репрезентативец на Македонија, Димитар Димитриоски од денеска и официјално е нов игра на Еурофарм Пелистер 2.

Поранешниот играч на Вардар со битолскиот суперлигаш потпиша едногодишен договор а се очекува да дебитира во првото коло од новата сезона.

„Мило ми е што сум тука во Битола. Еурофарм Пелистер има големо реноме во македонскиот клупски ракомет. Првите импресии се дека имаме одлична млада екипа, со дел искусни играчи. Мислам дека добро ќе напредуваме во текот на целата сезона и ќе го оствариме тоа што го зацртавме.“ – изјави Димитриоски.