Металург со реми од 27:27 во Скопје против Адемар Леон ги завршија настапите во Европа за оваа сезона. Иако можеше да стигне до победа Металург мораѓе на крајот да се задоволи со реми.

Задоволство од денешниот меч изрази тренерот на Металург, Оливер Димитриоски.

„Честитки до Адемар за пласманот во следната фаза, им благодарам за фер и коректната игра, за мене е голема привилегија да освојам бод против голем тренер каков што е Маноло Каденас. Задоволен сум од првото полувреме, во второто ни падна малку ритамот, почнавме да правиме повеќе грешки, веројатно заморот си го прави своето. Но, сум задоволен од тоа како ја завршивме групната фаза“– изјави тренерот на Металург, Оливер Димитриоски.