Иван Чупиќ имал добра понуда од Динамо Букурешт но се решил да го одбие клубот од Романија и решил да остане во Вардар.

Хрватот беше меѓу првите кои прифати помала плата во Вардар, не го менува црвено-црниот дрес иако имал преговори со Динамо од Букурешт.

Директорот на Динамо, Даниел Георгеску за медиумите во Роаманија потврди дека имало преговри.

„Преговаравме  со Чупиќ, разговаравме со неговиот агент, но поради фактот дека од следната сезона мора да имаме најмалку осум романски играчи, моравме да се откажеме“ – изјави Георгеску.