Составот на Вардар имаше победнички старт на новата сезона во Лигата на шампионите и тоа против стариот и добар ривал Монпелје.

Вардарци славеа во Франција со 33-31 со подобра игра и пресврт во второто полувреме со што повторно ја најавија својата кандидатура за висок пласман сезонава и покрај големиот број на играчки промени.

Ракометарот на „Црвено-црните“ Кристијан Дисингер е задоволен од перформансите во вториот дел.

„Во првото полувреме двата тима направија многу грешки. Особено ние во одбраната, му остававме многу простор на Монпелје. Примавме лесни голови, а ние до нив не успеавме да дојдеме. Тоа во продолжението се промени, игравме подобро. Среќен сум што победивме, сите знаат колку е тешко да се слави на овој терен“ -истакна бекот Кристијан Дисингер.