Ракометарот на Вардар, Кристијан Дисингер за германските медиуми изјави дека и следната сезона ќе го носи „црвено-црниот“ дрес на Европскиот гигант.

„ Зборував со мојот менаџер,  Марк Рапарлие и новиот претседател Михајло Михајловски и е одлучено да останам во Скопје уште една сезона. Минатата година беше незаборавна. Знаев пред полуфиналето во Лигата на шампионите против Барселона дека се случуваат чуда. Тоа никогаш нема да го заборавам и покрај тоа што имавме финансиски проблеми, поради кои бев пред заминување од клубот“- изјави Дисингер.

Тој по доаѓањето во Вардар има голем број на повреди, но следната сезона се очекува да биде еден од носителите на играта на бековските позиции.