По убедливиот пораз од Кил, ракометарите на Вардар претрпеа уште еден срамен пораз од Лигата на шампионите.

Гостувањето кај Веспрем не мина според планот, „црвено-црните“ беа надиграни со девет разлика а вардаровиот ракометар, Дисингер призна дека домаќинот заслужил да се радува.

„Им честитам на ракометарите на Веспрем за победата. Мислам дека одигравме солидни 40 минути а потоа немавме среќа. Првото полувреме го завршивме со четири гола во минус. Се боревме, се боревме а потоа не знам што се случи. Веспрем почна да ни дава гола за гола и така го зголеми водството кое не можевме да го стигнеме. Тие беа подобри од нас.“ – изјави Дисингер.