Домаќинот Египет со убедлива победа против Чиле 35-29 го отвори Мундијалот, на полувреме се беше јасно кој е кој на овој дуел од групата во која се уште и Македонија и Шведска.
Египет првиот дел го доби со 18-11, наваи дека победата нема да биде доведена во прашање, водеа во текот на целиот натпревар и сосема заслужено запишаа победа со 6 гола разлика.
Најдобри поединци кај Египет беа, Елдера и Јахија со по шест гола, Јусри и Санад во победата учествуваа со по четири.
Кај Чиле најефикасен беше Фохтман со седум гола. Вториот натпревар од првото коло во групата се игра утре, Македонија и Шведска се среќаваат од 20:30 часот.
Comments are closed for this post.