Драган Начевски останува прв човек на судиската комисја во ЕХФ, неговиот мандат е продолжен на денешниот состанок во Европската куќа на ракометот.

Начевски имаше мандат до 2019 година, денеска доби доверба со тимот да ја продолжи работата во ЕХФ каде е веќе долго време. Новиот мандат е на две години, со ова Македонија ќе има претставник и во следниот период  во највисоките тела во ЕХФ.