На Светското  машко ракометно првенство за кадети кое почнува на 6 август во Скопје, Македонија како домаќин ќе се обиде да дојде до добар резултат и да обезбеди што подобар пласман.

Македонија на ова првенство покрај ракометарите ќе има свој претставник и меѓу официјалните лица. Оваа првенство нема да имаме свои судии на шампионатот, но затоа ќе има претставник меѓу делегатите.

Се работи за Драган Начевски, кој ќе биде меѓу делегатите на овој Мундијал и ќе ја претставува Македонија.