Еурофарм Пелистер со несреќен пораз старуваше во ракометната Лига на Европа, откако вечерва во драматична завршница загуби на гостувањето кај Гудме со 30-29.

Еурофарм Пелистер добро го започна мечот и поведе со 2-0, а потоа и 4-2. Домаќините вратија со серија од 3-0 за прво водство од 5-4 по што ја презедоа резултатската предност, но Еурофарм Пелистер  не им дозволи на домаќините да се одлепат и во 22 минута на кратко го врати водството за 11-10. Гудме влезе во последната минута со гол предност, но Еурофарм Пелистер го реализираше последниот напад за 14-14 на полувреме.

Во вториот дел двете екипи наизменично се менуваа во водство и на 15 минути до крајот на семафорот стоеше 21-20 за Гудме.

Следуваше серија на македонскиот тим од 4-1 за водство од 24- 22 и 25-23 во завршните десет минути. Гудме  со два брзи гола се врати на „егал“ и мечот влезе во драматична завршница, во која на крајот посреќни беа домаќините.