Германецот Кристијан Дисингер за „handball-world.news“ изјави дека сака да замине од Вардар каде исплатата на платите доцни.

Финансиската состојба во Вардар е драматична, плати нема, ракометарите сакаат да си заминат.

„Состојбата е деликатна, тешка, нема пари. Најголемиот дел од ракометарите не зеле плата половина година, сакам да си заминам“  изјави Дисингер за „handball-world.news“

Дисингер потврди дека не останува во Вардар, ако тоа се случи ќе биде чудо, изјавил Германецот.