Металург со реми од 27:27 во Скопје против Адемар Леон ги завршија настапите во Европа за оваа сезона. Иако можеше да стигне до победа Металург мораѓе на крајот да се задоволи со реми.

Голманот на Металург, Даниел Дупјачанец кажа дека заморот ги стигнал во вториот дел.

„Им честитам на гостите за фер и коректната игра и пласманот во следната фаза, им посакувам да стигнат што подалеку во ова натпреварување. Што се однесува до денешниот натпревар, јас сум горд на моите соиграчи, одигравме машки, изгинавме на теренот. Во првото полувреме бевме одлични можеби со мали избрзани грешки, тоа нè чинеше малку поголема разлика на паузата. Но, во вториот дел Адемар одигра многу подобро особено во одбраната, беа поконкретни. Нас нè стигна заморот, истиот е оправдан во овој момент, бидејќи ние практично до пред два-три дена бевме далеку од комплетни на тренинзите. Но, задоволен сум од бодот, малку ми е жал што вечерва не триумфиравме. Сега на нам ни останува да се фокусираме на задачите во домашното првенство, ова беше добра увертира да се крене ритамот и самодовербата на екипата пред стартот во плеј-офот и се надевам на добар крај на сезоната“– вели Дупјачанец.