Хрватскиот ракометар Домагој Дувњак заработи повреда на мечот меѓу неговиот Кил и Хановер. Таа повреда плејмејкерот на „зебрите“ ќе го одалечи најмалку еден месец, а според анализите Дувњак има повреда на препоните.

Дувњак сигурно нема да игра на дуелите против Мотор и Монпелје во Лигата на шампионите, но и на голем број натпревари од Бундеслигата до крајот на годината.

Повредата доаѓа и во максимално незгодно време за Хрватска, која е дел од Европското првенство кое е на програмата во јануари, иако Дувњак би требало до тогаш да се опорави, но прашање ќе биде во каква форма ќе се наоѓа.