Македонскиот ракометен суперлигаш, Голден Арт КЛ7 потврди дека има двајца заразени со Ковид-19. Со соопштение до јавноста, од клубот на Кирил Лазаров ја објаснија позицијата во борбата со коронавирусот.

„Свесни за пандемијата со Ковид-19 и многубројните несимптоматски носители на вирусот во светски рамки, истовремено почитувајќи ги препораките и донесениот протокол од страна на РФМ, сите селекции на КЛ 7 беа тестирани, односно свесно и целно, пред почетокот на тренажниот процес за своите кадети, младинци и првиот тим се организираа скрининг тестови. Играчите веднаш по пристигнувањето од своите места на живеење според сите правила на дистанца и заштита прво беа упатени на скрининг тестирања. Кај двајца играчи (еден сениор и еден кадет) скрининг тестовите беа позитивни. Истите се во самоизолација и се чувствуваат добро без ниту еден симптом. По добиените резултати тренинзите се одвиваат секојдневно според донесениот протокол. На нашите играчи им посакуваме поскоро закрепнување и приклучување во тимот.“ – соопштија од КЛ7.

Во меѓувреме очекуваме потврда на бројот на заразени со Ковид-19 во битолскиот Еурофарм Пелистер 2.