Ракометарите на Тинекс Пролет успешно ги стартуваа контролните натпревари во пресрет на новата сезона, откако во изминатите 24 часа беа забележани две победи.

Денеска Тинекс Пролет беше домаќин на Радовиш, меч на кој за 60 минути беа постигнати вкупно 71 погодок. Радовишани одиграа добро во првото полувреме и на одмор заминаа со предност од 16-19.

Тинекс Пролет целосно ја презеде контролата во вторите 30 минути и со голем пресврт стигна до нов триумф.

Наш ривал синоќа беше тимот на Металург 2, кого во интересен и ефикасен натпревар успеавме да го совладаме со 38-33 (17-15).

Тренерот Матлиески на двете средби им даде шанса на сите ракометари да ги покажат квалитетите и начелно може да биде задоволен од прикажаното.

Тинекс Пролет во текот на следната седмица ќе одигра контролен натпревар во Лесковац, Србија, против екипата на Дубочица.