Нант и Кирил Лазаров ќе играат во четвртфиналето во Лигата на шампионите по неверојатната победа во реваншот против Кјелце.

Лазаров со настапот на овој натпревар стана играчот со 250 натпревари во Лигата на шампионите, остварување кое го однесе на самиот врв.

Македонскиот репрезентативен капитен и селектор, постигна четири гола а имаше и една интересна асистенција, барем за ЕХФ која го издвои тоа додавање со напомена: Мајсторот за време на работа.