Домаќинот на Мундијалот, селекцијата на Египет во рамки на групата „4“ каде што игра и македонската репрезентација, ја совлада Русија 28:23.
Русија се покажа немоќна пред налетот на домапните ракометари, токму „зборнаја“ е следен противник на Македонија во петок.
Најефикасен кај Египет беше Шебиб со осум голови, во составот на Русија се истакна Косоротов со идентичен учинок.
Египет со четири бодови е лидер во групата „4“, Шведска има ист број на бодови и натпревар помалку како и Словенија која има идентичен број на одиграни средби како и домаќинот на светското првенство.
Од 20.30 часот играат Шведска и Белорусија.
Comments are closed for this post.