Ракометната репрезентација на Египет до 19 години е светски шампион во оваа конкуренција откако во финалето на првенството што се одржуваше во Скопје ја победи Германија со 32-28 полувреме 19-13.

Најдобар стрелец за Египет беше Валид Ахмед со осум гола, исто толку постигна и Хешам Елсајед, додека Осман реализира осум пати. Кај Германија, Медеб беше најдообар со седум гола, а Костер даде шест.

Во мечот за третото место да подсетиме Данска беше убедлива против селекцијата на Португалија и славеше со 35-27.

Петтата позиција и припадна на селекцијата на Унгарија која го доби мечот со Франција со 31-20. Седмопласирана заврши репрезентацијата на Шпанија која беше подобра од Исланд со 30-26.

Македонската репрезентација на ова првенство завршија на 13.место откако избраниците на Данило Брестовац ја минаа првата фаза, а потоа беа елиминирани во осминафиналето од Португалија.