ЕХФ во соработка со клубовите и ТВ куќите што ги вршат преносите ги одредија термините и саатниците за последните четири кола во групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите.

Последните четири кола ќе се одиграат во февруари 2020 година, веднаш по завршување на машкото Европско првенство.

Вардар почнува со гостување, во Германија кај Кил на 5 февруари, и завршуваме со домашен натпревар против Монпелје, на 29 февруари. На 15 февруари сме домаќини на Мотор Запорожје, а на 22 гостуваме во Порто. Своите натпревари Вардар ќе ги игра во термин од 17,20 часот во СЦ „Јане Сандански”.

5 февруари 2020: Кил – Вардар (19 ч.)
15 февруари 2020: Вардар – Мотор (17,30)
22 февруари 2020: Порто – Вардар (19,30)
29 февруари 2020: Вардар – Монпелје (17,30)

За секој домашен натпревар дополнително ќе биде објавено кога билетите ќе бидат пуштени во продажба.