ЕХФ со ранкинг во Лигата на шампионите, објави листа на топ 10 клуба кои се фаворити за титулата, во неа го нема македонскиот првак Вардар.

Новата  сезона 2021/22 во ЛШ ќе стартува в среда, а од 18.45 часот во Норвешка македонскиот првак Вардар 1961 ќе го има својот прв натпревар во рамките од групата „А“ против Елверум.

ЕХФ во топ 10 на првото место го стави Кил од Германија, па следуваат:

Веспрем (Унгарија)
Барса (Шпанија)
Кјелце (Полска)
ПСЖ (Франција)
Алборг (Данска)
Пик Сегед (Унгарија)
Мотор Запорожје (Украина)
Монпеље (Франција)
ППД Загреб (Хрватска)