ЕХФ излезе со соопштение по повод епидемијата на коронавирусот во Европа.

Со зголемувањето на бројот на заразени од Covid-19 низ цела Европа и првите натпревари во Данска и во Словенија одиграни без присуство на публиката, станува се појасно дека свое влијание коронавирусот има и врз ракометот.

Здравјето на играчите, персоналот, официјалните претставници и на навивачите за нас се најважни. Но, мораме да имаме правилен баланс меѓу неопходната претпазливост и ризикот од потенцијалната опасност.

Во мај се планирани дури три најважни натпреварувања на ЕХФ. Тоа се фајнал-форот во женската (9-10 мај) и во машката (30-31 мај) Лиги на шампионите и фајнал-форот на машкиот ЕХФ Куп (23-24 мај)

ЕХФ внимателно ќе ја следи ситуацијата поврзана со коронавирусот и подготвени сме веднаш да реагираме ако се зголеми оценката за ризикот. Но, засега завршните турнири ги планираме во нивните најавени термини во мај“.