ЕХФ го објави составот на двата шешири за претстојните бараж-средби за настап на СП 2021 во Египет.

За жал, се потврдија очекувањата дека нашиот лош пласман на ЕП 2020 во Австрија, Норвешка и Шведска ќе резултира со тоа што нашата репрезентација ждрепката ќе ја дочека во групата на неносители, што ни „гарантира“ тежок противник во баражот.

Шешир 1 (носители): Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка и Франција.

Шешир 2 (неносители): Македонија, Швајцарија, Холандија, Црна Гора, Украина, Србија, Турција/Русија, Романија/БиХ, Полска/Литванија, Израел/Летонија, победник од квалификации.

Ждрепката ќе се влече на 9 март во 19 часот во Виена, а термините за баражот се од 5 до 11 јуни.