Ракометарите на актуелниот првак на Европа, Вардар најверојатно ќе мора да почекаат за повторно да истрчаат во елитата на ЕХФ.

Неофицијално, дуелот на Пик Сегед и на Вардар 1961 закажан за в четврток ќе биде одложен. Унгарскиот тим има седумина заразени со Ковид-19.

Според досегашната пракса но и протокол за заштита од Ковид-19, вардарци денеска требаше да направат ПЦР- тестови кои се задолжителни пред секое гостување.

Според последните информации патувањето на Вардар 1961 во Унгарија е одкажано , па недостига само официјална потврда за одложување на натпреварот од третото коло.