Швајцарски Винтертур го демолира Пелистер со 39-16, натпревар од ЕХФ Купот, прва средба.

Младите играчи на Пелистер не беа достоен противник на Винтертур, тимот од Швајцарија уште во првите 30 минути покажа дека има очигледна разлика во класи, првото полувреме го доби со 22-5.

Слично беше и во вториот дел, домашните се опуштија, Пелистер постигна двоцифрен број на голови, вкупно 11 и мечот го заврши со негатива од 23 голови разлика.

Петровски кај Пелистер постигна шест голови,реваншот во Битола следната недела ќе биде чиста формалност.