Женските ракометни екипи на Металург и Куманово ќе патуваат Полска и Чешка , ќе играат против Заглебие Лубин и Славија Прага.

Тоа е епилогот од ждрепката одржана во Виена, според тоа, ЖРК Металург  на првиот меч со Заглебие Лубин ќе биде домаќин на 7/8 септември, реваншот е седум дена подоцна. Кумановчанки исто така првиот меч го играат на домашен терен во ова прво коло.

Интересно е тоа што во второто коло двата тима добија противници од Скандинавија. Доколку  Металург победи во  двомечот со тимот од Полска  ќе игра со Сторхамер од Норвешка, Куманово фоколку стигне до втората рунда  успех ќе игра со Одензе од Данска.