Ракометарите на Металург загубија на теренот на Горење Велење со 24:19 во првиот натпревар од третото коло од ЕХФ Купот.

Избраниците на Кастратовиќ одиграа две различни полувремиња. Во провото беа подобри и на пауза заминаа со предност од еден гол 10:11. Проблемите се појавија кон средината од вториот дел во кој Словенците прво дојдоа до предност од три гола за на крајот да слават со пет разлика.

Серафимов со четири гола беше најефикасен за Металург, Танковски, Мариќ и Поповиќ постигнаа по три.

Реваншот во Скопје е закажан за следниот викенд во „Јане Сандански“ во Скопје.