Македонија високо котира на листата на ЕХФ на клупски план, во машка  конкуренција се наоѓа на третото место пред се благодарение на резултатите на РК Вардар.

Вардар освои две титули последните три години во Лигата на шампионите и е најзаслужен за високиот рејтин кој го ужива Македонија. Секако за високиот пласман придонесоа  и резултатите на Металург, тоа му донесе вајлд карта на Еурофарм Работник кој е наш втор претставник во ЛШ за сезоната 2019/20.

И порај тоа што немаме женска екипа во Лигата на шампионите, поради претходните резултати на ЖРК Вардар во оваа конкуренција на клупски план се наоѓаме на осмото место.