Едно е сигурно, нашата ракометна репрезентација нема да игра во Норвешка за време на групната фаза на следното ЕП.

Откако ЕХФ го објави објаснувањето за извлекувањето во Виена закажано за 28 јуни, јасно е дека нашите најдобри ракометари поддршката од трибините ќе ја очекуваат или во Шведска или во Австрија.

Ова значи дека најдалечната дестинација, Трондхајм отпаѓа од игра. Во Австрија натпреварите од прелиминарната рунда ќе се играат во Грац и во Виена а во Шведска во Малме и во Гетеборг.