ЕХФ очигледно не се шегува и има намера да казнува за се што ги минува спортските граници.

Вчера Киелце беше казнет со 15000 евра, поради навредите на неговите навивачи кон Тимур Дибиров, а денеска дојде и редот на Веселин Вујовиќ.

Неговите жестоки реакции кон судиите во финишот на средбата со Френсбург во Лигата на шампионите ќе го чинат една средба надвор од паркетот и дополнителни 2000 евра парична казна.

Вујовиќ нема да може да го води ППД Загреб на средбата со Барселона.

Парична казна од 1500 евра заработи и директорот на ППД Загреб, Божидар Јовиќ.