Европската куќа на ракометот ги избра седумте најдобри во Лигата на шампиони за оваа сезона и покрај тоа што сезоната е далеку од завршена. За потсетување, таа ќе се доигра во декември кога ќе биде одржан Ф4 турнирот во Келн.

Македонските претставници Вардар и Е.Пелистер имаа по еден номиниран ракометар во имињата на  Тимур Дибиров, односно Владислав Остроушко за кои немаше место во идеалниот состав на ЕХФ. вНајмногу гласови собра членот на ПСЖ, Сандер Сагосен (14.004), додека петтоцифрен број гласови добија уште четворица ракометари.

Идеалниот тим во Лигата на шампиони го сочинуваат,  Никлас Ландин (Кил), Никлас Екберг (Киелце), Микел Хансен (ПСЖ), Мануел Штрлек (Веспрем), Сандер Сагосен (ПСЖ), Бенце Банхиди (Пик Сегед) и Алекс Душебаев (Киелце).

За најдобар тренер е избран предводникот на Веспрем и поранешен тренер на Вардар, Давид Дејвис.