Ако успее РК Вардар да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите на ЕХФ на име на премија ќе заработи 1 милион евра.

Ова го одлучи ЕХФ во однос на финансиските награди за новата сезона во елитата во Европа. Сите учесници ќе зработат по 210 000 евра.  Оние кои ќе се пласираат на фајнл фор турнирот ќе поделат 800 000 евра.

На шампионот ќе му биде минусирана сумата за пласман во Ф4 од најавениот 1 милион. Оваа година во ЛШ, Македонија ќе ја претставуваат, РК Вардар и Еурофарм Работник.