Европската ракомерна федерација ја официјализираше најавата според која Вардар 1961 добива три а РК Металург иЕурофарм по два бода за одложените натпревари кои требаше да се одиграат најдоцна до 4 март.

Вардарци добија три бода, за трите неодиграни натпревари во групната фаза од ЛШ, ЕХФ ја прогласи победата на Вардар 1961 против Фленсбург, откако црвено-црните поради Ковид-19 протоколите не можеа да влезат во Германија. Вардарци добија и еден бод за гостинскиот натпревар кај ПСЖ кој е регистриран со службен резултат 5:5, додека оној кој требаше да се игра во Скопје му припадна на францускиот шампион со 10:0.

РК Металург доби два бода за одложениот дуел со Тулуз во Европската лига откако францускиот тим одби да гостува во Скопје.

Два бода завршија на контото на Еурофарм Пелистер, со службена победа против Рајн Некар Левен кој не можеше да дојде во Македонија поради задолжителниот каратин при враќање во Германија.