Двократниот Европск првак Вардар следната сезона има директно место во Лигата на шампиони, додека Е.Пелистер ќе конкурира за вајлд-кара,  одлууи Европската ракометна федерација.

Покрај битолчани место во Лигата на шампиони ќе чекаат Адемар Леон, ГОГ, Нант, ПИК Сегед, Висла Плоцк и Спортинг Лисабон како второпласирани во домашните шампионати.

Место со вајлд -карта побараа и шампионите во националните првенства како Мотор, Елверум, Целје, Динамо Букурешт, Кадетен Шафхаузен, Мешков Брест и Бешикташ.

Во женска конкуренција, осум тима имаат директно место во група, а боите на Македонија ќе ги брани ЖРК Куманово доколку им биде дадена  вајлд-карта со оглед што се пријавува како вицепрвак. Клубовите што ќе ги добијат вајлд-картите ќе бидат познати на 19 јуни.