Утре Металург ќе го одигра последниот натпревар во групната фаза на Лигата на Европа, а противник ќе  биде тимот на Адемар Леон.

ЕХФ за оваа средба делегира судии од Косово. Се работи за судиите Ештреф Бечири и Илир Красничи. Делегат на овој натпревар ќе биде нашиот Ацо Николовски.

Натпреварот ќе се одигра во арената “Борис Трајковски“, со почеток во 18.45 часот.