Вардар сигурно ќе игра наредната сезона во ракометната Лига на шампиони, откако европскара ракометна федерација го информираше двократниот европски првак дека нивното место за сезоната 2021/2022 е загарантирано.

Кон РК Вардар 1961 ЕХФ постави одредени дополнителни услови за целосно потврдување на местото во елитата.

Услови кои клубот успеа да ги исполни, па во предвидениот рок, заедно со ЕХФ најде решение, со што сега нема пречки и дилеми околу учеството на македонскиот и европски великан во групната фаза од Лигата на шампионот.

Истото известување за исполнување на условите е испратено и до сите екипи во ЕХФ Лигата на шампионите.

Во новата сезона „црвено-црните“ ќе играат директно во групната фаза од ЛШ заедно со екипите на ПИК Сегед, Кил, Алборг, Мешков, Монпелје, ППД Загреб и Елверум.