Реконструкцијата на салата е во завршна фаза со што ќе бидат исполнети сите критериуми кои ги бараше инспекцискиот тим на ЕХФ.

Ова значи дека Битола оваа година ќе ужива во елитен ракомет. Еурофарм Работник ќе биде домаќин во „Боро Чурлевски“ во деби сезоната во Лигата на шампионите. Наскоро се очекува да биде поставен и вториот семафор а санацијата на јужната трибина е при крај.

Еурофарм дебитанската сезона во ЛШ ќе ја започне со дуел против Спортинг на 15 септември додека на ова ќе му предходи дуелот со Спартак Москва во 1 коло од СЕХА лигата.