Францускиот клуб Нант соопшти дека Алберто Ентрериорс е новиот тренер.

Шпанецот ќе го замени Тјери Анти, кој по минатогодишниот неуспех се раздели со клубот.

Македонскиот капитен Кирил Лазаров и следната сезона ќе ги брани боите на Нант, овој пат под водство на неговиот поранешен соиграч.