Македонскиот вицешампион, Еурофарм Работник во недела го игра третиот меч од групанта фаза во Лигата на Шампиони против шпанска Бидасоа Ирун.

Посебно овој меч ќе биде интересен бидејќи во тимот на битолчани по пауза од една година се враќа Мартин Велковски, кој имаше повреда на Ахиловата тетива. Според последните информации таа повреда е веќе минато за поранешниот капитен на Металург.

Алушовски за гостувањето во Шпанија не ќе може да смета на Никола Марковски, Михаил Петровски и голманот Благојче Трајкоски кои се повредени.