Со обезбеден пласман во осминафиналето, Еуроафарм Пелистер вечерва му гостува на Кадетен Шафхаузен, на првата средба во Битола одиграа 25-25, сега битолчани сакаат победа.

Битолчани ќе настапат без голманот Карим Хендави,тој не доби виза за ова гостување. Поради повреда во дуелот со Кадетен, нема да настапат и Маџовски, Кукуловски и Вегар.

Ремито од 25:25 во Битола со Кадетен е мотив плус за подобар резултат на ова гостување.

„Остваривме пет победи во низа и натпреварот против Татран ни беше многу важен, за да ја задржиме хемијата како досега. Верувам дека ќе издвојуваме добар резултат во Шафхаузен. Се подготвуваме добро, ги анализираме и знаеме дека не смееме да ги потцениме. Кадетен Шафхаузен е одлична екипа. Затоа мора да бидеме сите заедно, цел тим како едно и да се бориме за подобар пласман понатаму во Лига Европа. Натпреварот во Битола заврши нерешено, но ете имаме втора шанса и нам ни преостанува да се обидеме да им вратиме за тоа што го пропуштивме.“ – изјави Ненад Костески.

Натпреварот меѓу Кадетен Шафхаузен и Еурофарм Пелистер е закажан за  20:45,