Еурофарм Пелситер во  горник во Манхајм се среќава со Рајн Некар Левен во Европа лигата на ЕХФ, тренерот Жељко Бабиќ нема да смета на Граџан, Костески и Маџовски.

Битолчани за Манхајм патуваат во понеделник, во вечерните часови ќе одржат еден тренинг, средбата со Рајн Некар Левен се игра во вторник од 20-45 часот.

Еурофарм Пелситер нема победа по две одиграни средби, запиша пораз и нерешено, Рајн Некар Левен одигра само еден натпревар против ГОГ Гудме и победи со 37-32.