Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска патуваат за Цирих каде утре ќе одработат еден тренинг пред соочувањето со Кадетен во Европската лига.

Со обезбеден пласман во осминафиналето, Жељко Бабиќ има можност да направи неколку експерименти во играта и во подготовките.

Лоша вест за него е тоа што во Битола остана Карим Хендави кој не доби виза за ова гостување. Поради повреда во дуелот со Кадетен, нема да настапат и Маџовски, Кукуловски и Вегар.

Натпреварот меѓу Кадетен Шафхаузен и Еурофарм Пелистер е закажан за утре од 20:45, првото овосезонско соочување на овие два тима заврши без победик 25:25.