Екипата на Еурофарм Пелистер денеска патува за Данска, утре му гостува на Гудме со почеток од 18-45 часот.

Битолчани ќе настапат без  Ѓукиќ, Граџан и Кукуловски кои тренерот Жељко Бабиќ реши да не ги води во Данска.

За Еурофарм Пелистер ова е прв натпревар во Европа лигата на ЕХФ, ГОГ Гудме веќе го одигра првиот натпревар во групата, загуби во Швајцарија од Кадетен Шафхаузен со 29-28.