Ракометарите на Еурофарм Пелисер денеска од 17:45 ќе истрчаат на теренот на Татран Прешов во натпревар од СЕХА лигата.

По натпреварот со Младост во Купот на Македонија, битолчани се пред нов посериозен тест, пресметка со тимот од Словачка кој нема баш добри резултати во Групата А во СЕХА лигата а на минатото овосезонско соочување со Еурофарм Пелистер, во Битола загуби со 28:16.

„Имаме густ распоред, играме на секои 2-3 дена и малку има простор за одмор. Потребно е да се изротира ростерот, сите 20-тина ракометари за да се одиграат на ниво сите натпревари. Ова е шанса за нас помладите, да покажеме низ поголемата минутажа дека можеме да се носиме со сите противници.“ – изјави ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дарио Петровски.