Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја комплетираа втората фаза од подготовките за новата сезона кои во последнава една недела се одвиваа во Маврово.

„Со неколку тренинг сесии и еден контролен натпревар (победа против Еурофарм Пелистер 2 од 30-22), екипата на Жељко Бабиќ го одработи зацртаното. Ракометарите добија слободен период до вторник наутро, кога со двојна тренинг сесија ќе им се вратат на обрвските. Следниот контролен натпревар е предвиден за седми август, кога во Маврово, Еурофарм Пелистер ќе спарингува со Металург. Екипата тренираше комплетна, со исклучок на Марио Танкоски, кој ќе се приклучи во втората недела од август.“ – соопштија од Еурофарм Пелистер.

Битолчани првиот официјален натпревар ќе го одиграат на 11 август во СЦ „Борис Трајковски“ против Вардар 196