Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја декласираа екипата на Татабања на домашен терен 33-20.

Ракометарите од Битола го контролираа целиот натпревар, и освен почетните десетина минути се останато беше во знак на екипата од Битола.

Секоја грешка на Татабања, секој празен простор, секој момент на невнимание на противникот се користеше најдобро што може за постојано зголемување на предноста.

Во 23. минута Еурофарм Пелистер  дојде до висока предност од 13:7, а веќе во 24. минута од натпреварот дојде до двојно поглема гол разлика (14:7).

До средината на второто полувремето Еурофарм Пелистер успеваше да ја задржи предноста од +14 голови.

Во последните минути од натпреварот Битолчани игра опуштено, направија неколку занемарливи грешки со оглед на високата гол разлика, но сепак на крајот успеаа да издвојуваат победа од 33:20.

Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Мараш со шест и Табоада Дранке и Периќ со по пет гола