Ракометарите на Еурофарм Работник во осминафиналето од овогодинешното издание на СЕХА лигата ќе играат против Нексе. Ова е разврската по денешната победа над Спартак во Москва со 33:21.

Битолчани денеска одиграа одлично и заслужено дојдоа до првата овосезонска победа надвор од Битола во регионалното натпреварување.

На полувреме водеа со 19:11 а на крајот се изборија за триумф од 12 разлика. Граџан со седум гола беше најефикасне во победничкиот тим, Ѓукуќ постигна пет а Маџовски, Вегар и Велковски по четири гола.

Еурофарм Работник настапот во групата Б од СЕХА лигата го заврши со освојување на четвртото место со скор од четири победи и шест порази.

Во осминафиналето, Еурофарм Работник ќе игра против Нексе, ако слави тоа ќе му донесе четвртфинале со Вардар.