Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија на гостувањето кај Татран Прешов во СЕХА лигата со 32:28 во натпревар од петото коло од Групата А.

Домаќинот во воведните десетина минути од натпреварот дојде до предност од 7:3 по што успеа да подржува разлика од најмалку два гола иако водеше и со четири во неколку наврати.

Во второто полувреме, Еурофарм Пелистер успеа само еднаш да израмни на 22:22 по што Татран одново влезе во ритам дојде до максималните плус четири гола и до крајот успеа со оваа разлика да победи.

Најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер беа Периќ со 10 и Мандалиниќ со седум голови за Татран се издвоија Радек и Пачехо со по седум голови.

Во следното коло Еуорфарм Пелистер ќе го дочека ППД Загреб, натпреварот е закажан за 13 април.