Битола денеска се мобилизира за средбата против Нексе во возвратниот осминафинален натпревар од СЕХА-лигата.

Управата на клубот испрати апел до своите навиваши за поддршка, но и коректно и цивилизирано навивање.

Управата на клубот е уверена дека со истакнување на европски манири на секој од присутните во салата и гласното и цивилизирано бодрење на нашиот клуб во текот на целиот натпревар, ќе се пласираме во натамошната фаза од СЕХА лигата и ќе потврдиме дека спортската сала Боро Чурлевски е европски ракометен храм во најракометниот град – Битола“, стои на официјалниот фејсбук-профил на клубот

Еурофарм Пелистер ќе се обиде да ја достигне и надмине негативата од три гола од средбата во Нашице, со што ќе закажи четврт-финален дуел со Вардар.