Како што јавуваат медиумите од Шпанија, Томислав Кушан од екипата на Натурхаус Ла Риоха се сели во Битола кај Еурофарм Пелистер.

Хрватот игра на пивотменската позиција, се очекува клубот од Битола следниве денови да го официјализира потписот на Кушан.

Кушан ќе потпише догвор на две години и треба да биде замена за Шевелев, висок е 200 сантиметри, беше репрезентативец на Хрватска во кадетска и младинска конкуренција.

Еурофарм Пелистер создава квалитетен тим, се засили со Мараш, Танкоски и Периќ, тренерот Жељко Бабиќ првата прозивка ја планира за 27 јули.